Економија, финансии, бизнис

Контакт

Над 1000 разговори од „бомбите“ ќе бидат доказ во предметот за изборни измами

Над 1000 разговори од „бомбите“ ќе бидат доказ во предметот за изборни измами

Апелациониот суд одлучи прислушуваните разговори да се користат како докази и во предметот „Титаник“. 

Се работи за повеќе од 1000 разговори кои укажуваат на местење на изборите. 

Во овој предмет челниците на ВМРО-ДПМНЕ се гонат за изборни измами. 

Со оваа одлука „бомбите“ ќе бидат искористени во судската постапка во предметот на Специјалното јавно обвинителство каде се обвинети 20 лица, вклучувајќи го лидерот, Никола Груевски. Меѓу обвинетите се и Миле Јанакиевски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски и Гордана Јанкулоска. Тие се товарат за злосторничко здружување, злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања и повреда на избирачкото право.

Слично

Поврзани вести