Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нацрт-точката за Македонија останува празна во Брисел

Нацрт-точката за Македонија останува празна во Брисел

Точката за заклучоците за Македонија од Самитот на ЕУ во Брисел останува празна, објави МИА, што значи дека статусот на земјата останува неизвесен и натаму.

Информативната агенција дојде до нацртот на заклучоците од Самитот на ЕУ, што ќе се одржи на 23 и 24 јуни. Точката 13, останува празна, со куса реченица: „преговори меѓу Бугарија и Северна Македонија“ и ништо повеќе.

Заклучоците од Самитот за проширувањето на ЕУ првично се занимаваат со идеите за „нова платформа“ за вклучување на сите земји на европскиот континент и продолжување на предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за Европска политичка заедница. 

Документот потенцира дека оваа „рамка“ нема да ги замени постоечките инструменти на ЕУ, меѓу другото и проширувањето.

Нацрт-заклучоците се основниот документ што им се поднесува на лидерите и тој може да претрпи измени, зависно од исходот на политичките дебати на Самитот.

Процесот на усвојување на преговарачката рамка за Македонија за сега останува неизвесен.

Што се однесува до останатите земји од регионот, нацрт заклучоците се занимаваат со дијалогот меѓу Белград и Приштина, како и со Босна и Херцеговина. Се предлага лидерите да повикаат итно да се оствари видлив напредок во решавање на билатералните и регионалните спорови, меѓу другото преку дијалогот Белград Приштина.

Во делот за Босна и Херцеговина, единствена земја покрај Косово без кандидатски статус за ЕУ, нацрт документот ги повикува лидерите на земјата да ги спроведат одлуките и заложбите од договорот постигнат на 12 јуни годинава, со цел Сараево да напредува на својот европски пат и да добие кандидатски статус. БиХ треба да ги исполни и зацртаните 14 приоритети за оваа цел.

Овој документ може да претрпи измени уште денеска по состанокот на министрите за европски работи на земјите членки на ЕУ


Слично

Поврзани вести