Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нацрт – Договорот за добрососедство ќе биде презентиран на комисија

Нацрт – Договорот за добрососедство ќе биде презентиран на комисија

Нацрт – Договорот за добрососедство помеѓу Република Македонија и Република Бугарија утре на затворена седница ќе биде презентиран пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика.

Седницата е закажана откако денеска до Комисијата за надворешна политика било упатено барање од Владата на Република Македонија. На седницата се очекува да присуствува и премиерот, Зоран Заев. 

Минатата недела, кога Заев го презентираше реформскиот план „3-6-9“ пред Комисијата за европски прашања, кажа дека договорот со Бугарија, ќе им го достави на увид на пратениците.

Инаку овој договор Заев и бугарскиот премиер, Бојко Борисов треба да го потпишат на Илинден. Од ВМРО-ДПМНЕ имаше негодување и барање да се соопшти што е договорено во Софија и што содржи овој договор. 

Слично

Поврзани вести