Економија, финансии, бизнис

Контакт

Националните радио станици нема да плаќаат надоместок за дистрибуција на сигнал

Националните радио станици нема да плаќаат надоместок за дистрибуција на сигнал

Националните радио станици ќе се ослободат од обврската за плаќање надоместок за дистрибуција на сигнал за 2022 година. 

Владата донесе и Одлука за обезбедување финансиски средства на ЈП Национална радиодифузија за 2022 година.

„Со средствата од оваа одлука националните радио станици ќе се ослободат од обврската за плаќање на надоместокот за дистрибуција на сигнал за 2022 година кон Агенцијата за електронски комуникации“, соопштија од Владата.

Ова значи дека делумно ќе се покријат трошоците на националните радио станици, коишто произлегуваат од обврската за плаќање на надоместокот за дистрибуција на сигнал за 2022 година,  во вкупен износ од 7.500.000,00 денари, со средства од Буџетот на Владата на Република Северна Македонија, предвидени во делот на антикризните мерки.

Слично

Поврзани вести