Економија, финансии, бизнис

Контакт

Националната арена може да се вика „Тоше Проески“

Националната арена може да се вика „Тоше Проески“

Фудбалскиот стадион „Филип Втори“ би можел да го промени своето име во Национална арена „Тоше Проески“, дознава Плусинфо од неофицијални извори од Владата.

Овој објект го менаџира Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Пред неколку дена владиниот портпарол Миле Бошњаковски за грчките медиуми изјави дека Владата ги известила националните спортски федерации да го променат официјалното име, а од службите да ги променат називите на спортските објекти со кои раководат доколку тоа се бара од истите според Преспанскиот договор.

Плусинфо дознава дека официјалното име би можело да биде променето до утре пред официјалната посета на Скопје на грчкиот премиер Алексис Ципрас со делегација од 10-тина владини функционери и 70-тина бизнисмени.

Името „Национална Арена Филип II Македонски“ е донесено со Одлука за преименување на Градскиот стадион на 27 јуни 2008 од Владата на Република Македонија.

Слично

Поврзани вести