Економија, финансии, бизнис

Контакт

Началникот Велковски инстантно е пензиониран од МВР: На негово место советник на Спасовски

Началникот Велковски инстантно е пензиониран од МВР: На негово место советник на Спасовски

Преку ноќ е пензиониран Лазе Велковски, началникот на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во МВР. Од Министерството велат дека велковски исполнил 40 години работен стаж и затоа заминува во пензија. 

Решението било потпишано од министерот Оливер Спасовски, а на пензионираниот, лично му го врачил директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Сашо Тасевски.

На началничката позиција во организиран криминал е назначен Ветон Кранлиевски, советник во кабинетот на министерот.

Инаку според членот 174 од Законот за внатрешни работи секој има право да  побара продолжување на вработувањето до 45 години работен стаж без оглед на возраста на вработениот во МВР. За случајот Велковски според информациите на телевизија Телма веќе поднел писмена изјава за продолжување на договорот за вработување, а согласно членот 174 од Законот МВР е должно да го спроведе тоа

Велковски пред да дојде на оваа функција,  до август 2018 беше директор на Бирото за јавна безбедност,  но на предлог на  министерот Оливер Спасовски беше сменет. Имено внатрешна истрага утврдила дека тој службеното возило го користел во приватни цели,  за превезување на членови на фамилијата надвор од Македонија.


Слично

Поврзани вести