Економија, финансии, бизнис

Контакт

Нацев: Сите 36 притворени се жртви на прогонот на антидржавната хунта на СДСМ

Нацев: Сите 36 притворени се жртви на прогонот на антидржавната хунта на СДСМ

Александар Нацев oд ВМРО-ДПМНЕ на протестот пред Основниот суд вечерва изјави дека сите 36 притворени се жртви на политички реваншизам и на прогонот „од страна на антидржавната хунта на СДСМ“.

„ВМРО-ДПМНЕ не потклекнала и пред многу други предизвици и во многу потешки времиња, ВМРО надживеала империи, војни, надживеала вештачки творби од држави, а ќе го преживее и ова денес“ – рече Нацев.

Тој потенцира дека ваквата „црна историја“ ќе биде запишана веднаш рамо до рамо со прогонот на Ченто, Брашнаров, Шишков и Драган Богдановски.

Светлана Колариќ од ВМРО-ДПМНЕ рече дека СДСМ ја замолкнал правдата во Македонија и дека „терористи и тешки криминалци, убијци и разбојници се на слобода, а на нивните места се ставаат луѓе кои се невини“.

Таа изјави дека можеби СДСМ знаел, го очекувал или го подготвувал сценариото за 27 април.

На вечерашниот протест се појави и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Слично

Поврзани вести