Наближува крајниот рок за поднесување на Годишна даночна пријава
Последен ден за
поднесување на даночни пријави е 15 март, четврток.
Од Управата за јавни приходи информираат дека, заклучно со вчерашниот ден се
поднесени 235.258 пријави, од кои најмногу во Скопје, 86.643.
Тие исто така потсетуваат дека граѓаните можат да ги поднесат пријавите и во
дополнителните пунктови кои УЈП ги отвори за прием на Годишните даночни пријави
во Центар, како и општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба и Аеродром или да ги
поднесат преку мобилните даночни шалтери кои ќе гравитираат во повеќе населени
места и општини во Скопје и низ Македонија.
Слично
