Набавката на терминалите за биометриска идентификација на гласачите ќе чини 12 милиони евра
Владата одобрила 720 милиони денари и преку Министерството за финансии ја известила Државната изборна комисија за набавка на интегриран систем за биометриска идентификација.
Применувањето на отисоците од прст ќе започнат да се применуваат во втората половина на октомври кога ќе се одржат локалните избори по договорот на премиерот Зоран Заев со опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.
ДИК на денешната седница ги усвои измените на планот за јавни набавки и за почетокот на набавка на терминалите. Во средината на мај комисија ќе ја започне постапката.
Потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху, најавува дека останатите постапки ќе почнат во јуни и јули, адо средината на августтреба да бидат спроведени сите постапки и склучени договори за локалните избори.
- Постапката ќе биде отворена. Другата недела планираме да спроведеме и технички дијалог, што ќе трае пет дена. Постапката ќе биде јавна и транспаретна. Ќе оди преку Електронскиот систем за јавни набавки, изјави Шеху.
Јавноста ќе биде информирана за текот на набавката и за тоа колку понуди ќе има.
