Економија, финансии, бизнис

Контакт

НАБАВКА НА НОВИ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА - се планира обнова на возниот парк, но нема точен датум кога

НАБАВКА НА НОВИ АМБУЛАНТНИ ВОЗИЛА - се планира обнова на возниот парк, но нема точен датум кога

Ќе се набавуваат 100 нови амбулантни возила за потребите на јавните здравствствени установи низ целата земја. 

Како што објавија надлежните, Владата веќе има донесена одлука за набавка на сто нови модерни амбулантни возила. 

Ова денеска го објави премиерот, Христијан Мицкоски, кој по увидот во градежните активности на детската градинка во скопско Драчево одговараше на новинарско прашање, дали се планира набавка на медицински возила со оглед дека сегашните се застарени.

Тој посочи дека на последната седница на Влада е донесена одлука за отпочнување на набавка за купување на сто нови модерно опремени амбулантни возила.

- Наш главен приоритет е обновата на овој тип на возен парк во јавните медицински установи, имајќи во предвид дека таму е катастрофално алармантна состојбата, бидејќи таму луѓето се потпираат на оние возила кои се донација. 

Како Влада на последната седница донесовме одлука за отпочнување на 100 нови модерно опремени возила, кои ќе бидат распределени во јавните здравствени установи ширум државата - изјави премиерот Мицкоски. 

Слично

Поврзани вести