Набавени возила за превезување на лица со посебни потреби
Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, објави фотографија од три набавени возила специјални за превоз на лица со посебни потреби.
„Пристигнаа возилата наменети за лицата со посебни потреби, изработени како посебна нарачка. Овие возила ќе бидат распределени во три Центри за социјална заштита низ државата и тоа ќе бидат првите Центри во државата кои ќе располагаат со сопствени возила наменети за овие лица“, објави Милевски.
Инаку средствата се обезбедени од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската развојна агенција.
Слично
