Економија, финансии, бизнис

Контакт

Набавени нови 100.000 тестови за коронавирус, Филипче најавува повеќе термини

Набавени нови 100.000 тестови за коронавирус, Филипче најавува повеќе термини

Ќе набавиме 100.000 тестови и прашањето за тестирањата ќе биде решено, рече министерот Венко Филипче за Сител. Тој вели дека се очекува со ребалансот кој ќе биде усвоен деновиве да се обезбедат парите за тестовите, а ги најави и  брзите тестови кои ќе се прават во поликлиниката во Ѓорче Петров од утре. 

Филипче рече дека очекува да се намали трансмисијата на вирусот, но зборуваше и за некои нови рестрикции односно полициски час. Тој рече дека студентите на медицина се вклучуваат и ќе помагаат да се прават епидемиолошките анкети со заразените. 

Од Министерството за здравство денеска информираа дека сите државни лаборатории располагаат со доволен број на тестови за Ковид-19, а значително се зголемени и капацитетите на државните лаборатории кои вршат тестирање за Sars Cov-2, Ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

„Во вчерашната статистика, од вкупно направени 3.294 тестирања, во државните лаборатории беа направени скоро 1.800 теста, од кои само 1.310 во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, каде деновиве речиси двојно е зголемен капацитетот. За потсетување, на почетокот на минатата недела во Институтот за јавно здравје функционира уште едно приемно одделение со лаборант и администратор. Со ова значително се забрза процедурата за земање брисеви за Ковид-19 и се зголеми бројот на тестирања на дневна основа во оваа установа, но и во ЦЈЗ Скопје, стои во соопштението.


Слично

Поврзани вести