Економија, финансии, бизнис

Контакт

НA ЗЛОСТАВУВАЧОТ МУ СЕ ЗАКАНУВААТ 12 ГОДИНИ ЗАТВOР: Што ќе се случи со 11 годишното бремено девојче?

НA ЗЛОСТАВУВАЧОТ МУ СЕ ЗАКАНУВААТ 12 ГОДИНИ ЗАТВOР: Што ќе се случи со 11 годишното бремено девојче?

11- годишното девојче од Кочани, кое деновиве се откри дека е бремено е згрижено од институциите. Тоа е сместено во мал групен дом. 

Случајот ја разбранува јавноста, откако деновиве беше обелоденето дека девојчето кое е на возраст од 11 години и сместено во Центарот за социјална работа во Берово, е бремено во шестиот месец.

Девојчето живеело со мајка си, која не забележала дека ќерка ѝ е бремена. Тоа го забележале вработени во училиштето што го посетувала малолетничката, по што таа била однесена на гинеколошки преглед.

Пред две и пол недели кочанската полиција го задржала деветнаесетгодишниот Е.А. поради постоење сомнеж дека извршил полов напад врз дете кое не наполнило четиринаесет години.

Најмалку 12 години затвор се пропишани за кривичното дело за кое се товари Е.А.

Слично

Поврзани вести