Економија, финансии, бизнис

Контакт

На жителите на Македонска Каменица ќе им се олесни заминувањето во Италија

На жителите на Македонска Каменица ќе им се олесни заминувањето во Италија

На жителите на Македонска Каменица ќе им се олесни патот за заминување на сезонска работа во Италија. 

Синдикатот за земјоделство од областа Пијамонте,  Италија ќе отвори канцеларија во Македонска Каменица, со цел да се олесни административната процедура на лицата кои сезонски одат во оваа земја и работат. 

Ова го соопшти Цицијано Проџо, претстваник од агросиндикатот на областа Пијамонте на Деновите на дијаспората кои по четврти пат ги собра иселениците од регионот на туристикиот комплекс Еленец.

„Ние сакаме да отвориме канцеларија за да помогнеме на нашите работници за полесно обезбедување документи, бидјеќи кога се поднесуваат документи, работниците мора од јануари до март во тековната година да дојдат во Италија и да поднесат апликација за да обезбедат документи за работа, а со оваа канцаларија ќе им го олесниме процесот и нема да треба да доаѓаат во Италија. Ние обезбедуваме помош од секаков вид и за обновување документи и за раѓање дете и за болест“ - вели тој. 

Додаде дека Синдикатот за земјоделство во Италија се грижи за сите видови проблеми на работниците, а има повеќе од 200.000 членови, а над 1000  Македонци се членови на Синдикатот за земјоделие.

Слично

Поврзани вести