На Жерновски прв пат му се падна паричката откако има семејство
Андреј Жерновски, заменик-министерот за надворешни работи, на Фејсбук објави дека за прв пат откако основал сопствено семејство му се паднала паричката на Бадниковата вечера.
„Првпат откако основав семејство и го прекршувам празничното лепче (на почетокот на четири, подоцна на шест дела), мене ми се падна паричката. Првпат по 18 години !!!
И зошто па да кријам дека сум среќен“, напиша тој.
Жерновски минатата година беше назначен за заменик-министер во дипломатијата откако го послуша СДСМ и не се кандидираше за градоначалник на општина Центар по втор пат на окалните избори 2017-та, а местото му го отстапи на победникот Саша Богдановиќ.
Останува да се види дали поранешниот претседател на ЛДП со паричката ќе има повеќе среќа во политичката кариера.

