На жени им се распаѓале задниците, продолжува акцијата против илегални ботокси и филери во Македонија
Акцијата поврзана со нелегални ботокси и филери е проширена и се приведуваат нови осомничени, велат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Уште од синоќа, па се досега, траат претресите кај сите од криминалната група која илегално увезувала и дистрибуирала медицински помагала.
Првично беа уапсени повеќе од 10 осомничени. Дел се доктори на скопските клиники, дел сопственици на дерматолошки ординации, организатори на транспорт и продажба на илегално внесени ботокси и филери, а неофицијално, меѓу приведените има доктори од ГОБ „8 Септември“ и од Клиниката за дерматологија при Клинички центар „Мајка Тереза“.
„Акцијата е резултат на постоење на основи на сомневање за сторени кривични дела „Злосторничко здружување“, „Повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма„ и „Примање поткуп“. До овој момент се обезбедени повеќе лица, но поради обемот и сериозноста на случајот, акцијата се проширува со нови претреси и приведување на други инволвирани лица“, информираат од ОЈО ГОКК.
Според информациите од МВР, по наредби од Основниот кривичен суд се вршат претреси на повеќе локации во Скопје, во Струмица и во Битола.
За поубав задник, лице, нос, подигнати очни капаци и поизострен поглед пациентки се боцкале со ботокс и филери, но без да знаат дека се работи за опасни супстанци кои воопшто не се проверени и сертифицирани. Според првичните сознанија, наместо убавина, добиле распадната кожа и контраиндикации.
Неофицијално на пациентки им биле ставани ампулите во задник, околу очи, во нос, а некои од нив имале сериозни контра индикации и проблеми со распадната кожа и виснат задник онаму каде им била ветувана убавина и затегнат изглед.
