Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА ЗДРАВЈЕ ЈЕНС - Какво вино му подари Заев на Столтенберг

НА ЗДРАВЈЕ ЈЕНС - Какво вино му подари Заев на Столтенберг

Во бројните фотографии кои ги сподели премиерот Зоран Заев од неговото присуство во Лондон, на Самитот со кој НАТО одбележува седумдесетгодишнина од своето постоење, е и онаа како му подарува вино на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Тој во својата објава вели дека Столтенберг е еден од нашите најголеми пријатели, и му посакува да ужива во вкусот на ова одлично македонско вино.

„Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, е еден од нашите најголеми пријатели и поддржувачи. "You will join NATO" рече во една прилика и покажа на дело дека Алијансата остварува, а со тоа и ние го остваруваме генерацискиот сон. На здравје Јенс, уживај во вкусот на ова одлично македонско вино“, напиша премиерот Заев.

Од фотографиите може да се види дека станува збор за белото вино на компанијата „Тиквеш“, Барово, со етикета од Министерството за одбрана.

Од компанијата потврдија дека подареното е нивното бело вино „Барово“, едно од нивните премиум вина, кое го нарачало Министерството за одбрана. Тие вина се нарачуваат со приватна етикета, кога се даваат како подароци на државници или други значајни личности.

Белото вино на „Тиквеш“, „Барово“, со тежина од 0,7 литри, според податокот што може да се најде на интернет, има цена од 1.130 денари.

Нашата делегација, спшоред сознанијата, не отишла во Лондон, со само едно шише вино, туку од компанијата биле нарачани повеќе шишиња вино, кои најверојатно им биле подарени на другите високи присутни гости на Самитот на НАТО Алијансата во Лондон.

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести