На Заев му тргна со награди; Со Ципрас ќе ја добијат „Евалт фон Клајст“
Македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас се избрани годинава да ја добијат престижната награда „Евалд фон Клајст“ што ја организира Минхенската конференција за безбедност, пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА.
Наградата ќе им биде врачена на 16 февруари за придонес кон регионалната стабилност по имплементацијата на Преспанскиот договор. Со тоа Заев и Ципрас влегуваат во редот на досега наградените Кофи Анан, Хавиер Солана, Џон Мекејн, Хенри Кисинџер, Хелмут Шмит, Јоаким Гаук и др.
Веста ја соопшти претседателот на конференцијата, Волфганг Ишингер, на Твитер.
Заев и Ципрас веќе се номинирани за овогодишната Нобелова награда за мир,
Заев пред два дена го доби медалот Алојз Мок за посебни достигнувања за мир и единство во Европа, од страна на канцеларот на Австрија Себастијан Курц.
Минатата година во Сараево ја доби наградата Европска личност на годината
