Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Водно сепак ќе може да се оди со автомобил, критики за Шилегов од ВМРО-ДПМНЕ

На Водно сепак ќе може да се оди со автомобил, критики за Шилегов од ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов најави дека до Водно сепак ќе може да се оди со автомобил. 

Во тој случај ќе се наплаќа паркинг 100 денари за првиот час паркирање, а секој нареден ќе биде 50 денари. Ова практично е предвидено со ценовникот во новата зона „А0“ која беше формирана вчера со одлука на Советот на Град Скопје.

„Во случајов нема идеално решение. Нашата идеја е да го дестимулираме одењето на Водно со автомобил, па тој што сака да оди со кола ќе треба да плати поскап паркинг. Истовремено и понатаму ќе важи одлуката за бесплатни автобуси до Средно Водно“- вели Шилегов. 

Капацитетот на паркингот е повеќе од 200 места, а ќе се наплаќа од 9 до 16 часот за време на викенди и државни празници. Дел од средствата од наплатата на паркингот, како што наведе Шилегов, ќе се слеваат во градската каса и ќе се користат наменски за одржување на парк шумата Водно.

Ова е одлука со која елитата на СДСМ си го приватизира Средно Водно, истакна Јелена Жугиќ, советник во Советот на Град Скопје.

„Ова преставува и одредена финансиска дискриминација и сериозна пречка за семејствата со мали деца, за возрасните Скопјани, за лицата со хендикеп, директен атак на оние кои од реални причини не можат пешки до Средно Водно“- истакна Жугиќ 

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ од Советот на Град Скопје не се согласуваат воопшто со оваа мерка која е на штета на сите граѓани, вели таа. 

Слично

Поврзани вести