Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Водно е мирно, а Шилегов свика дебата

На Водно е мирно, а Шилегов свика дебата

Откако деновиве со жив штит се брани планината Водно од граѓани организирани преку социјалните мрежи , на скопскиот градоначалник му текна да свика јавна дебата.

Понеделник 13 часот во бараките на град Скопје Шилегов ги викна да дојдат  претставниците на надлежните државни органи за изградба на гасоводот на Водно, како и претставниците на граѓанските здруженија кои покажаа загриженост на дебата.

Дотогаш сите градежни активности за изградба на гасоводот на Водно се во мирување.

-  Изградбата на гасоводот на Водно предизвикува загриженост и реакции во јавноста. Сакам да потенцирам дека пред почетокот на градежните активности претходеа интензивни разговори со активистите и со загрижените граѓани и се бараа заеднички алтернативни компромисни решенија. Токму како резултат на овие разговори успеавме да се избориме за намалување на ширината на трасата на гасоводот од 25 на 10 метри и измени на трасата во еден дел од четири километри.Но, и покрај тоа, очигледно е дека во јавноста сè уште постои загриженост за ваквата траса и за изградбата на гасоводот. Јас како градоначалник не можам мирно и немо да го набљудувам овој процес. Од тие причини Град Скопје одлучи во понеделник во 13 часот во просториите на Советот на Градот да организира дијалог и дебата. На оваа дебата ги повикуваме да присуствуваат претставниците на надлежните државни органи за изградба на гасоводот, како и претставниците на граѓанските здруженија кои покажаа загриженост – кажа градоначалникот Шилегов.


Слично

Поврзани вести