Економија, финансии, бизнис

Контакт

На ВМРО ДПМНЕ не му чини ни Кацарска ни судството

На ВМРО ДПМНЕ не му чини ни Кацарска ни судството

Опозицијата со нови обвинувања кон власта. Овој пат на тапет се најдоа судството и судијката Кацарска.

Преку соопштение до медиумите од ВМРО ДПМНЕ денес соопштуваат дека Македонија е заробена држава.

„Заробена од заевизмот, систем на владеење кој ја укина правната држава и владеењето на правото во Македонија. Мафијашкото владеење на Зоран Заев и неговиот клан се базира врз политичкиот прогон на сите кои мислат поинаку. Оние кои први го кренаа гласот против оваа одродена и криминална власт, станаа првите жртви на нејзиното владеење“, соопштуваат од опозицијата.

Од ВМРО ДПМНЕ и потенцираат дека Кацарска судството и обвинителството се симболи на заевизмот.

Тие најавуваат дека правната држава ќе се врати во моментот кога Зоран Заев ќе стане минато на македонската политичка сцена.

Слично

Поврзани вести