Економија, финансии, бизнис

Контакт

На власта и се поклопија прославите во Прилеп

На власта и се поклопија прославите во Прилеп

Двете прослави - Пивофест и поканата за прием во НАТО, на две различни сцени се совпаднаа во еден ден во Прилеп од двете власти - централната и локалната, кои се предводени од мнозинство на СДСМ.

Денеска е трет ден од регионално популарниот Пивофест, на кој главна ѕвезда ќе биде Жељко Јоксимовиќ.

Истовремено Прилеп е еден од 15-те македонски града кои ќе прославува покана и отпочнување на пристапни преговори со НАТО, а публиката ќе ја забавува само еден бенд - Пет+ од телевизиската продукција која обработува ретро-хитови за деца.

Прославата, за разлика од другите градови, е поместена еден час порано, односно од 20 часот, за да не се совпадне со официјалниот почеток на Пивофест од 21 часот.

Слично

Поврзани вести