Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

Поради претстојното 20-то јубилејно издание на Виз Ер Скопски Маратон, што ќе се одржи на 06.10.2024 (недела), а на кој ќе учествуваат рекордни 13.400 натпреварувачи од 55 земји, од утрово од 03:00 часот, ќе важи привремен режим на сообраќај во главниот град.

Одредени улици се целосно или делумно затворени за сообраќај во периодот на одржување на маратонот, а променетиот режим ќе биде на сила до завршувањето на маратонот, до 14:00 часот.

Директор на „Виз Ер Скопски маратон“ Кире Синадиновски очекува најдобро издание на јубилејната 20. спортска манифестација.

- Ова е празник на градот и на државата. Со рекордни 13.400. растеме од година во година. Секоја година ги подобруваме организациските перформанси. Стигнати сме на едно високо ниво. Не е лесно да се организира манифестација која бара вклучување на многу институции. Очекувам најдобро издание до сега, изјави Синадиновски по стартот на денешниот маратон.

Целта на сите трки е на Плоштад Македонија.


Слично

Поврзани вести