Економија, финансии, бизнис

Контакт

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

„НА ВАКВИ ПЛАТИ НЕМА ОСНОВ ДА СЕ ИСПЛАЌААТ ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Крмов од Левица со остри критики и најава дека се откажуваат од нив

Укинување на патните трошоци за собраниските пратеници ќе биде една од заложбите на пратениците на „Левица“ во новиот мандат, иако ова веќе се обидоа и не успееа во истото. 

- Пратениците на широката коалиција ДПМНЕ-СДС-ДУИ како и „Албанската опозиција“ само во 2023 година сложно имаат украдено од народниот буџет 366 ИЛЈАДИ ЕВРА во име на фамозните „патни трошоци“.

Наспроти нив, пратениците од редовите на Левица, Борислав Крмов и Димитар Апасиев, во својот мандат заедно имаат земено 0 ДЕНАРИ за патни трошоци - пишува во соопштението испратено од партијата Левица до медиумите. 

- На вакви плати нема никаков основ да се исплаќаат средства за патни трошоци. Тоа е и програмска заложба на Левица - патните трошоци да бидат укинати - посочува пратеникот Борислав Крмов.

За потсетување, Левица уште во 2021 година предложи Закон за драстично намалување на патните трошоци на „народните избраници“. 

Овој предлог - закон беше експресно одбиен од страна на широката коалиција ДПМНЕ-СДС.

Пратениците на Левица најавуваат дека и во овој мандат нема да земат ниту денар за патни трошоци.

Слично

Поврзани вести