Економија, финансии, бизнис

Контакт

На vakcinacija.mk не може да се добие безбедносниот код

На vakcinacija.mk не може да се добие безбедносниот код

Страницата на Министерството за здравство, vakcinacija.mk, сè уште не е целосно профункционирана. Откако сте ставени на чекање во рок од најмногу три минути се отвора делот за регистрација на кој стои следново известување:

Почитувани граѓани, пред да ја пополните апликацијата за искажување заинтересираност за вакцинација против COVID-19 ве молиме внимателно прочитајте ги следните информации:

Вакцинирањето е доброволно и се спроведува согласно стратегијата за вакцинација на Република Северна Македонија. Со пополнување на формата се регистрирате за вакцинација директно во системот Мој Термин. Нема потреба дополнително да го барате или информирате дека сте се регистрирале. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, вашиот матичен лекар ќе ве повика и ќе ве информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинирате на пунктот кој ќе го изберете при регистрацијата. 

Единствен проблем во моментов е добивањето на безбедносниот код на вашиот мобилен телефон кој треба да го внесете во самата апликација.


Слично

Поврзани вести