НА УДАР И ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ЦИГАРИ: Во Австрија повеќе нема пушење на јавни места
На последната седница пред предвремените избори, австрискиот парламент после обемна расправа, донесе одлука со која се забранува пушење во сите угостителски и објекти во кои се конзумира храна, а на сила тој закон стапува од 1 ноември.
Забраната важи и за забавите кои ги организираат клубовите, кои претходно беа изземени од забраната, а пушењето ќе биде дозволено само во градините на кафе барови и слични простории на отворено.
Не се забранува само пушењето на „класични цигари, и пури“ туку забраната ќе важи и за електронски цигари.
Имено, претходно забраната барала од локалите да имаат пушачки и непушачки простор, слично како кај нас, во кои угостителите вложиле големи пари.
Слично
