НА ТРПЕЗАТА ИМА ТАЗЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА: Што да се направи со ланското јајце кое прво е вапцано?
Старото велигденско јајце кое прво е вапцано лани сега кога имаме нови, тоа се пушта низ река.
Се верува дека така водата ќе го однесе злото, болестите, целата несреќа кое првото јајце цела година ги собирало наместо домашните. Но, има и случаи кога луѓето ланското велигденско јајце, го закопуваат во земја. Добро е во близина да има насадено цвеќе, бидејки старото црвено јајце е полно со негативна енергија и не треба и понатаму да го чувате во домот.
На Велики Четврток се вапцуваат првите три јајца и тоа во црвена боја.
foto freepik.com
Слично
