НА ТЕРЕН ВО КАВАДАРЦИ И ШТИП - увид на состојбите пред финалните активности, Трајановски сподели дел од денешните посети
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски попладнево со фотографии сподели дел од своите денешни активности.
- Попладнево заедно со градоначалникот на општина Кавдарци Митко Јанчев извршивме увид во градежните активности на дел од регионалните патишта кој минуваат низ градот.
Целта е пред зимскиот период да се заврши со реализацијата на проектите кои Јавното претпријатие за држвни патишта ги реализира заедно со општина Кавадарци.
Дополнително ЈПДП работи на изработка на проектна документација за обиколница на градот Кавадарци,со реализацијата на овој проект ќе се растерети сообраќајот низ градот и ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот - напиша Трајановски на Фејсбук.
Еве што постираше директорот на ЈПДП:
Претходно тој сподели фотографии од посетата на Штип и тамошниот увид.
Слично
