Економија, финансии, бизнис

Контакт

На телото на поранешната полицајка немало траги на насилство

На телото на поранешната полицајка немало траги на насилство

Нема траги на насилство на телото на починатата жена во Охрид која претходно работела во полиција. 

Четириесет и двегодишна жена во Охрид е пронајдена почината во нејзиниот стан. Од извршениот увид, во координација со Јавен обвинител, во присуство на медицински и полициски екипи, како и по извршената обдукција, е констатирана смрт без траги на насилство.

Секторот за внатрешни работи од Охрид денеска соопшти дека случајот бил пријавен вчера во 15:45 часот дека во стан на улицата „Сирма Војвода“ е пронајдена починатата М.М.Ш. од Охрид.

Починатата е поранешна припадничка на полициската служба на која пред четири години и е прекинат работниот однос поради објавување недолични содржини преку социјалните мрежи. 

Слично

Поврзани вести