На телото на мртвиот маж во скопски Карпош немало траги на насилство
Утрово во главниот град во населбата Карпош на тротоар беше пронајдено мртво лице.
Според информациите на МВР не се работи за насилна смрт, а најверојатно лице починало од природна смрт.
Безживотното тело нема да се предава на обдукција, поради погоре наведеното а идентитетот на починатиот засега не е познат во јабноста.
Од фотографиите кои ги објавија дел од медиумите може да се забележи дека се работи за лице во поодминати години.
Случајот се случил близина на Партизанска а во полиција пријавиле од Итната медицинска помош.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
Слично
