НА ТАРАВАРИ ЗА МАЛКУ МУ „ИЗБЕГА“ ПОБЕДАТА ВО ПРВ КРУГ, освои 49,88 отсто од гласовите, Бејта има 41,84 проценти
Во Гостивар дефинитивно ќе се оди во втор круг на локалните избори.
ДУК веќе ги преброја сите гласови за оваа општина, односно обработени се 100 отсто и од зсапишаните избирачи, и од избирачките места.
Во вториот круг ќе одат актуелниот градоначалник и кандидат за уште еден мандат на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Арбен Таравари, како и Невзат Бејта од ДУИ.
На Арбен Таравари, како што покажуваат резултатите на ДИК, многу малку му недостигало за победа уште во првиот круг.
Односно, Таравари има освоено 49,88 отсто од гласовите, со што е на прво место, но тоа не му е доволно за да има победа уште во првиот круг.
За Таравари гласале 15.724 гостиварчани.
Невзат Бејта, пак, според целосно обработените бројки на ДИК, добил 41,84 отсто од гласовите, со што е втор, и за него гласале 13.190 граѓани од таа општина.
На трето место е Фадил Зендели од БЕСА, со освоени 909 гласа или 2,88 отсто од гласачите, а четврта е Рената Елези од ДПА, со освоени 303 гласа или 1,06 отсто од гласовите.
Таравари вчера за медиумите изјави дека освоил победа уште во првиот круг, иако, како што рече, „ДУИ прави проблеми со записниците“.
Н.Н.Ф.
