Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Табановце се чека половина час

На Табановце се чека половина час

На граничниот премин Табановце, за влез во државава се чека околу 30 минути. 

На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, соопшти Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Годишните одмори почнаа, а со тоа почесто ќе имаме гужви на границите. 

Слично

Поврзани вести