На Табановце се чека по половина час
И утрово има зголемена фреквенција на Табановце. Гужва има на патиштата, а 30 минути се чека на граничниот премин Табановце.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од Македонија. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно важи за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. Деновиве на Табановце се чекаше и по еден час.
Слично
