Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Табановце се чека околу два часа

На Табановце се чека околу два часа

На граничниот премин Табановце за влез во државата се чека околу 2 часа, додека на Богородица за излез од државата околу 45 минути, информираат од Автомото сојузот на Македонија(АМСМ). На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Слично

Поврзани вести