Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Табановце и Богородица се чека до 45 минути

На Табановце и Богородица се чека до 45 минути

И денес има застој на границите. Доколку патувате во Грција или Србија ќе се задржите на граница. 

Гужви има на граничните премини Богородица и Табановце, а за влез и излез во државата се чека и до 45 минути. 

Автомотосојузот на Македонија соопшти дека на граничните премини Богородица и Табановце задржувањето за влез и излез е од 30 до 45 минути со можност за зголемување во наредните часови. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Во текот на вчерашниот ден исто така имаше гужви. 

Слично

Поврзани вести