Економија, финансии, бизнис

Контакт

На Табановце и Богородица нема живо пиле, Евзони и денеска затворен од Грците

На Табановце и Богородица нема живо пиле, Евзони и денеска затворен од Грците

Влезот и излкезот на граничните премини Табановце и Богородица втор ден по ред е минимален, покажуваат виде-камерите на ЈП Државни патишта, откако Владата одлучи на странските државјани од 15 јуни да им дозволи влез и излез, односно да транзитираат низ Македонија со најмногу пет часа.  Грчките медиуми информираат дека рампата на „Евзони“, по Богородица, останува спуштена и денеска од грчките власти. Границата најверојатно ќе се отвори на први јули кога ќе биде дозволен влез и за македонските државјани.

Протоколот овозможува транзит само преку граничните премини: Табановце, Деве Баир, Богородица, Ќафасан, Блаце и аеродром Скопје. Транзитот на овие лица подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг, со обврска при транзитот да не се напушта соодветниот автопат или локален пат, и тој да се реализира во рамките на најмногу 5 часа, а истото ќе се потврдува со изјава која странските државјани треба да ја пополнат на влез, а на излез треба да се предаде на граничната полиција со цел да се контролира времeтраењето на транзитот. 

Од друга страна на Промахонас, главниот граничен премин во Грција преку Бугарија има редици на километри од странски туристи, соопштуваат денеска грчките медиуми. Се вршат проверки по случаен избор со земање мостри според здравствените протоколи што важат за секоја земја.

Автомобилите формираат редици веќе втор ден по ред, бидејќи Евзони останува затворен. Времетраењето на ќекањето на границата надминува еден час, објави грчката телевизија „Скај“. Тоа се главно туристи од Бугарија, Романија, Австрија, но и од Германија.

Што се однесува до Србите, кои не беа вклучени во соодветниот список, прашањето беше решено и тие сега можат да се патуваат во Грција.


Слично

Поврзани вести