Економија, финансии, бизнис

Контакт

На средбата со здружението „Но Пасаран“ премиерот ветил решение за граѓаните исклучени од централното греење

На средбата со здружението „Но Пасаран“ премиерот ветил решение за граѓаните исклучени од централното греење

Решение на проблемот со блокирани сметки и тужби за сметки што ги добиваат за парно греење граѓаните и покрај тоа што се исклучени од системот на централно греење вети премиерот на денешната средба со здружението „Но Пасаран“ .

Заев од страна на Ружица Попева Наумова, членка на Управниот одбор на Здружението за заштита на граѓански права „Но Пасаран“, и со други членови на здружението бил информиран за проблемите со кои се соочуваат, а се поврзани со постојаните притисоци од извршители, блокирани сметки и тужби за сметки што ги добиваат за парно греење и покрај тоа што се исклучени од системот на централно греење.

На средбата премиерот Заев соопшти дека Владата на Република Македонија веќе бара начин за решавање на овој горлив проблем за граѓаните, согласно законските прописи, и дека во најбрзо време ќе предложи начин како ќе се отстрани оваа неправда.

Премиерот Заев ги потврди цврстите заложби на владата да работи во служба на граѓаните и во тој правец ќе се носат решенија кои ќе превенираат вакви проблеми да се случуваат во иднина.

Слично

Поврзани вести