На сред бел ден во Прилеп двајца мажи му украле 17 000 евра на старец
Кражби на секој чекор, но и такви како на филм. Станаа дел од нашето секојдневие а најчесто мета се повозрасни луѓе кои лесно стануваат плен на помладите генерации.
Таков случај вчера во полиција пријавил 92 годишен старец од Прилеп.
Имено грабежот се одвивал на градскиот плоштад „Александар Македонски“.
Како што информира МВР, лицата го пресретнале и почнале раговор со него, по што му дале еден машки часовник, за кој му рекле дека вреди многу пари и дека некој им го продава. Ѓ.А. им рекол дека тој има евра и отишол во банка и подигнал 17.000 евра, кои им ги дал на двете лица. Тие му кажале да ги почека за да и ги покажат парите на некоја жена, која ги чека во возило и дека ќе се вратат за пет минути, по што заминале во непознат правец.
По извесно време, откако лицата не се вратиле, Ѓ.А. сфатил дека е измамен, по што го пријавил настанот.
Полицијата трага по крадците.
