Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА СКОПСКИТЕ ВОЗАЧИ ПАМЕТ УШТЕ НЕ ИМ ДОАЃА: Само вчера фатени 150 како возат побрзо од дозволеното, но добро е што само еден бил пијан

НА СКОПСКИТЕ ВОЗАЧИ ПАМЕТ УШТЕ НЕ ИМ ДОАЃА: Само вчера фатени 150 како возат побрзо од дозволеното, но добро е што само еден бил пијан

Согласно планот за засилени мерки во сообраќајот на подрачјето на СВР Скопје, во текот на вчерашниот ден полициски службеници од СВР Скопје спровеле зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на целата територија на СВР Скопје, при што санкционирани се вкупно 570 возачи. 

Но, изгледа на возачите памет не им доаѓа.

„Од нив 150 се возење со брзина поголема од дозволената, 22 за управување возила без возачка дозвола, 4 возачи управувале возило со активна мерка забрана за управување моторно возило, по еден возач управувале возило под дејство на алкохол и возило со измината важност  на регистрација. Останатите мерки се однесуваат на останатите прекршоци, од кои најголем број се за погрешно или недозволено паркирање.
Сообраќајните контроли по планот продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, се вели во соопштението лод МВР.

Слично

Поврзани вести