На скопските улици загина уште една жртва-ударот фатален за млад возач
Брзото возење при што возачите најчесто губат контрола над управувањето со возилото секојдневно зема данок на скопските патишта.
Уште еден млад живот згасна по вчерашната несреќа на скопскиот булeвар „Александар Македонски“.
Ударот во метални столбчиња, потоа во дрво и во метална кенделабра биле фатални за 36-годишен маж од Марино, додека сопатникот поминал со потешки повреди и моментално е на лекување на клиниката за трауматологија.
На местото на несреќата била потребна и интервенција на пожарникарите, додека телото на починатиот е предадено на обдукција.
Апелите за внимателност при возењето се постојани, а возачите да ја прилагодуваат брзината и да возат согласно прописите.
Слично
