На скопјанка и се слошило во автомобил и починала
Скопјанка на возраст од 45 години починала во автомобил откако претходно и се слошило, објави МВР.
Трагичниот настан се случил синоќа на автобуска постојка на булеварот АСНОМ на подрачјето на Аеродром.
Скопјанката починала додека била во патничко возило „рено канго“ со скопски регистарски ознаки, заедно со нејзиниот познаник Т.Н.(50) од Скопје, според официјалните информации.
Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција. Увид на местото на настанот извршила полициска екипа.
Слично
