Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА СКОПЈАНИ НЕ ИМ ДОАЃА ПАМЕТ - Уште има што возат и пијат

НА СКОПЈАНИ НЕ ИМ ДОАЃА ПАМЕТ - Уште има што возат и пијат

Во изминатото деноноќие на подрачјето на град Скопје се случиле вкупно осум сообраќајки, а во три од нив, четири лица се здобиле со лесни телесни повреди. Во пет сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, од сообраќај полицијата исклучила шест возачи кои  управувале возило под дејство на алкохол, 15 возачи пред да се стекнат со право на управување моторни возила, а тројца возачи почетници и 18 нерегистрирани возила.

Издадени се и 99 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак” се  подигнати 61 возило.

Казнети се и шест пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, четири возачи кои поминале крстосница на црвено светло, тројца возачи за неправилно престројување, тројца возачи за неправилно престигнување, двајца возачи за не користење заштитен шлем на вел со мотор, мопед и мотоцикл, седум возачи за не носење сигурносен појас за време на управување моторни возила и 30 возачи за користење мобилен телефон за време на управување моторни возила.


Слично

Поврзани вести