Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА СИЛА ВЕДНАШ: Aвстрија повика да не се патува во Македонија

НА СИЛА ВЕДНАШ: Aвстрија повика да не се патува во Македонија

Австрија им препорача на своите граѓани да не патуваат во Македонија, Босна, Албанија и Косово.

Земјата воведе највисоко шесто ниво на предупредување за патување во Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово кое стапува во сила веднаш.

Преземаат вакво чекор затоа што во четирите земји од Западен Балкан има зголемување на бројот на заболени од ковид-19 од почетокот на јуни, па така во Македонија за 14 дена има 2.067 случаи, а во Косово и Алабнија заедно над 1.000.

БиБиСи, објави дека австриската влада препорачува сите Австријци кои се наоѓаат во овие земји веднаш да се вратат назад, а по доаѓањето ќе одат во 14-дневен карантин или ќе мораат да покажат негативен тест за коронавирус. 

Aвстрија има 17,873 потврдени случаи на коронавирус, а починаа 705 луѓе. 

Во меѓувреме, македонските граѓани не можат да патуваат во земјите од ЕУ. 

Слично

Поврзани вести