На Русија не и се допадна изјавата на Бујар Османи дека таа прави конфликт помеѓу Македонија и Бугарија
Русија преку својата амбасада во Скопје упати реакција до министерот за надворешни работи Бујар Османи да не шири изјави дека Русија го поттикнува соседскиот спор помеѓу Македонија и Бугарија.
„Обрнавме внимание на изјавата на министерот за надворешни работи на РСМ г-дин Б.Османи во интервју за Радио Слободна Европа на 29 јануари дека „третиот фактор“ заинтересиран за конфликти во регионот на Западен Балкан, вклучително и меѓу Северна Македонија и Бугарија, е Руската Федерација.
Убедени сме дека нема основа за такви тврдења, а камоли докази, како што беше случај повеќе пати. Напротив, придонесот на нашата земја во решавањето на конфликтите на Балканот во изминатите многу децении, вклучувајќи во Босна и Херцеговина и во српската автономна покраина Косово и Метохија, не може да се прецени. Секогаш постапуваме во согласност со меѓународното право и резолуциите на Советот за безбедност на ОН. Заинтересирани сме за просперитет и мирен соживот на сите земји од регионот без исклучок, со чии народи имаме вековни пријателски врски“, искоментира руската амбасада.
Русија е и незадоволна од низа медиуми кои известуваат за „мешање“ на Русија во внатрешните работи на РСМ и нејзините односи со другите земји.
„Ги повикуваме медиумите во РСМ на одговорен и професионален пристап при објавување вести и аналитички материјали за Русија и принципите на нејзината надворешна политика, кои отворено ги декларираме – интеракција заснована на рамноправност, меѓусебно почитување и земање во предвид меѓусебните интереси“, се произбесе амбасадата.
Слично
