Економија, финансии, бизнис

Контакт

На референдумот во Гевгелија засега се гласа без проблеми

На референдумот во Гевгелија засега се гласа без проблеми

Мирно се одвива референдумот во Гевгелија каде граѓаните на оваа општина се изјаснуваат ЗА или ПРОТИВ отворање на рудник на планината Кожув.

„Референдумското изјаснување почна уште вчера кога гласаа затворениците, болните и старите и изнемоштени лица. Процесот се одвива беспрекорно без никакви проблеми. Во гласачкиот список се запишани 19.459 граѓани со право на глас кои треба да се изјаснат во текот на денот, најдоцна до 19 часот, изјавила Гордана Поп-Кочева, претседател на ОИК Гевгелија“.

Поп-Кочева дополнува дека за да биде успешен референдумот на гласање треба да излезат најмалку 50 отсто плус еден од запишаните граѓани во гласачкиот список и дека првичните резултати ќе бидат познати по 20 часот.

Слично

Поврзани вести