НА ПУНКТОТ НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ ДОСЕГА АПЛИЦИРАНИ 500 ВАКЦИНИ: Наменети се за студентите и професорите, но нема да вратиме ако некој друг дојде-ректорот Никола Јанкуловски
Вакциналниот пункт на
Економскиот факултет при УКИМ функционира од септември, а формиран е по заклучоците
на седницата на Ректорската управа од август ланската година. Ректорот на Универзитетот
„Св.Кирил и Методиј“ (УКИМ) проф. д-р Никола
Јанкуловски денеска изјави дека побарале од Министерството за здравство да им
овозможи имаат полесен пристап до вакцините, со цел омасовување на
вакцинацијата меѓу академската заедница.
-Од средината на септември започна овој вакцинален пункт да работи со тоа што работното време е од 8 до 14 часот секој работен ден. Овој вакцинален пункт е направен со цел да се омасовува и да се зголемува бројот на членовите од академската заедница, пред сè студентите, но и професорите и академскиот кадар на Универзитетот да имаат подобар, побрз пристап до вакцините и досега од прилика се дадени без малку околу 500 вакцини, така што еве и јас апелирам со оглед на тоа што на овој вакцинален пункт има обучен кадар, опремен е со двајца доктори, две медицински сестри од Поликлиниката при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, тука овие наши ресурси коишто беа основа и стожер да се оформи овој пункт треба да биде искористен максимално од академската заедница, но сигурно нема да вратиме и некој друг ако дојде, изјави ректорот Јанкуловски.
А.Б.