Економија, финансии, бизнис

Контакт

НА ПСИХИЈАТРИСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ТЕТОВО - натепан лекар, завршил во болница во Скопје

НА ПСИХИЈАТРИСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО ТЕТОВО - натепан лекар, завршил во болница во Скопје

Лекар од тетовската клиничка болница бил натепан од 32 годишник, на психијатриското одделение, но во билтенот на Министерството за внатрешни работи нема информации дали станува збор за пациент, или за негов роднина. 

По ова, лекарот завршил во болница во главниот град на земјава.

„На 05.07.2020 во 08.25 часот во СВР Тетово, 47-годишен лекар од тетовската клиничка болница пријавил дека на Психијатриското одделение бил физички нападнат од К.И.(32) од тетовско Боговиње. Според пријавеното, потоа тој бил хоспитализаран во болница во Скопје. Се работи на расчистување на случајот“, се вели во кусата информација од МВР.

Слично

Поврзани вести