Економија, финансии, бизнис

Контакт

На протестите „За заедничка Македонија“ упатени закани дека пратеници ќе се вадат од Собрание

На протестите „За заедничка Македонија“ упатени закани дека пратеници ќе се вадат од Собрание

По 32-ри пат вчера се протестираше ширум земјава против албанската платформа.

Поддржувачите на иницијативата  „За заедничка Македонија“ преку Рекорд до Собранието маршираа а пред присутните говори имаат челниците на протестите.

Борис Дамовски, кој е еден од предводниците на протестите рече дека демонстрантите ги чекало борба и дека само сплотени и здружени таа борба може да се добие.

Тој упати закани до пратениците во Собрание, велејќи „Овие внатре, 120 ние ги пративме, ние ќе ги извадиме. Оваа тиранија, оваа лага веќе не живее тука, еве не, како и секој ден, знаеме што правиме, знаеме што бараме. Сплотете се бидете едно, наравете го најголемото оро, оро на слободата, почувствувајте го тој до себе, не чека борба, само вака сплотени и здружени ќе победиме“, порача Дамовски.

Се протестираше и во други градови.

Слично

Поврзани вести