Економија, финансии, бизнис

Контакт

На пролет ќе се прави Фонтаната – прскалка на плоштад

На пролет ќе се прави Фонтаната – прскалка на плоштад

Интерес за изградба на новата фонтана која ќе ги замени дел од плочките на плоштадот „Македонија“, на повикот од Град Скопје пројавиле три компании. Најскапа е понудата на прилепската фирма „Крин КГ“ или 3,8 милиони евра, потоа следува гостиварската „Пелагонија“ со понуда од 3,4 милиони евра и „Транс мет“ од Скопје со 2,9 милиони евра.

Инаку градот по втор пат распишува јавен повик за фонтаната прскалка. Според прописите, по разгледување на понудите градските власти треба да одржат електронска аукција, а планот е градежните работи да почнат пролетва.

Според најавите, новата фонтана  ќе има форма на коцка со страни од по 15 метри. На неа ќе има 128 прскалки кои ќе работат во лето. Плочите од плоштадот пак кои ќе мора да се извадат, треба да бидат употребени за поплочување на плоштадот кај новата црква „Пресвета Богородица” во Центар, најавија од Град Скопје. Проектот за изградба на фонтана и реконструкција на плоштадот, како што е наведено во соопштението, ќе се реализира со 2/3 финансиски средства од Владата на Република Македонија и 1/3 од буџетот на градот Скопје.
Слично

Поврзани вести