Економија, финансии, бизнис

Контакт

На премиерското биро на Заев денеска ќе се најде оставката на Марко Зврлевски?

На премиерското биро на Заев денеска ќе се најде оставката на Марко Зврлевски?

За да се забрзаат реформските процеси многу е важно денеска првата работа да биде оставка на обвинителот Зврлевски, изјави доцна синоќа за ТВ 24 Премиерот Зоран Заев. Тој очекува една од првите работи што ќе го чека во неговиот кабинет да биде депонираната оставка, за да не се чека негово разрешување преку парламентот. 

Зврлевски е долгогодишен јавен обвинител, чија работа, јавноста, експертите и меѓународната заедница ја оценуваа како пристрасна и селективна. Во извештајот на Прибе во делот на правосудството беше посочено дека се потребни реформи во обвинителството. 

Премиерот Заев најави дека една од првите работи на новата Влада ќе биде реформа на судскиот систем.

Слично

Поврзани вести